Search

По средбата во Влада Мицкоски: Имам чувство дека наскоро комплетни ќе се вратиме во Собранието

Мицкоски: Имам чувство дека наскоро комплетни ќе се вратиме во Собранието

Во моментов ВМРО-ДПМНЕ останува на позицијата дека од математичка и политичка природа не можеме да бидеме комплетно активни во Собранието. Имам чувство дека овие проблеми ќе бидат надминати и ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по двочасовната средба со премиерот Зоран Заев што се одржа во Владата.

– Со премиерот Заев се согласивме дека треба Државната изборна комисија да се комплетира. Тоа ќе се прави по стариот модел, односно претседателот на ДИК ќе биде од опозицијата, додека мнозинството од членовите ќе биде на власта, изјави Мицкоски.

– Се согласивме дека е потребно да се формира и комплетира, по стариот модел. Претседател ќе биде од опозицијата, а мнозинството во корист на власта. Договоривме до крајот на септември да биде изготвен новиот изборен законик, рече Мицкоски.

Тој кажа дека на средбата разговарале за преговорите за името со Грција, како и за Законот за употреба на јазиците.

– Разговаравме за преговорите за името со Грција. Од приложеното можам да констатирам дека нема поместување од презентираното на лидерската средба. Јас го повторив ставот дека нема да поддржиме промена на Уставот, а за идентитетските прашања не треба да се разговара, рече Мицкоски.

Во врска со Законот за употреба на јазиците, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го повторил ставот на партијата дека тој е неуставен и неприменлив.

Мицкоски напомена дека меѓупартиските работни групи ќе излезат со конзенсуз по неколку прашања до крајот на оваа недела.

Треба да знаете
Последни објави