Search

Собир во Скопје и протест во 14 градови на движењето „Нашето име е наше право“

Собир во Скопје и протест во 14 градови на движењето „Нашето име е наше право“

Во организација на движењето „Нашето име е наше право“, денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во 13 часот, ќе се одржи протестен собир. На собирот ќе биде изразено незадоволство од, како што пишува, политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Собирот се одржува во ист ден заедно со протестите на Македонци од дијаспората во 14 градови во светот: Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – Сад, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Оукленд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка

Организаторите најавуваат вклучување преку видео-бимови со протестите на дијаспората од локации ширум свето, а организираат бесплатен превоз до Скопје од другите градови.

Движењето „Ние сме Македонија” започна во јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за првпат беше објавена декларација со која што се бара итен прекин на разговорите за името и поднесување резолуцијата во Генералното собрание на ОН за признавање на уставното име на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави