Search

Средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Мицкоски и Ахмети

Средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Мицкоски и Ахмети

Низ под земната гража влезе, на главниот влез излезе пред неговиот домаќин – Двочасовната прва средба меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмери и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски барем според официјалните изјави не била доволна за да се приближат позициите околу законот за јазици, иако и двајцата тврдат дека состанокот не бил од преговарачки карактер.

„Ова не беше средба за преговарање, ова беше средба за честитање. Се отвори тоа прашање, секој си има свои позиции. Ова не беше средба за напредок“, изјави Али Ахмети – претседател на ДУИ

На речиси идентичен став и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски вели ги повториле и аргументирале своите позиции околу законот за јазици.

„Не дискутиравме за детали. Ги аргументиравме нашите позиции, они нивните. Отприлика тука заврши дискусијата за законот за јазици. Ова не беа преговори за да можеме да кажеме дали секој бил на своето, туку едноставно на таа тема ги аргументиравме нашите позиции ние, тие своите“, вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ

Нема информација дали опозицијата ги испорачала нивниот неформален предлог, за замрзнување на законот за јазици и формирање на работни групи за евентуална измена, но и дали Мицковски побарал објаснување за најавата на спикерот Џафери дека за скоро ќе немаат аргументи за бојкот на Собранието.

Официјално двајцата лидери велат дека најмногу време потрошиле на евроинтеграциите и реформските закони, Ахмети вели добил ветување за поддршка за нив, Мицкоски пак европската агенда е пропратна за неговата партија, но враќањето на пратениците на опозицијата во Собранието, не зависи од нив, туку од власта, бидејќи како што рече 12 % од неговата пратеничка група е во притвор.

Ахмети порача дека по изборот на новото раководство во ВМРО-ДПМНЕ, се чувствува како што рече смена на односот на партијата кон Албанците.

Лидерот на ДУИ го придружуваше неговиот шеф на кабинет, пратеникот Артан Груби, друштво на домаќинот пак му правеше екс министерот за финансии Трајко Славевски кој е челна на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и според информациите на состанокот ги аргументирал економските позиции на ВМРО-ДПМНЕ. И двајцата лидери рекоа дека средбата била конструктивна. Ахмети најави дека ќе има и други во иднина.

Треба да знаете
Последни објави