Бркал крадец низ скопските улици откако му го украл автомобилот

Бркал крадец низ скопските улици откако му го украл автомобилот

Вчеравечер околу 23.50 часот, С.Х.(29) од Скопје пријавил дека му бил украден автомобилот додека тој бил во аптека.

С.Х. управувајќи автомобил фолксваген поло, сопственост на неговата сопруга, движејќи се по булевар „Партизански одреди” застанал пред аптека и го оставил возилото да работи.

Во истиот момент позади него бил паркиран негов пријател Ф.Р.К.(20) со патничко моторно возило БМВ, исто така, со скопски регистарски ознаки. Во тој момент пеш по тротоарот се движеле три непознати машки лица при што едното од нив влегло во возилото и побегнало, а другите двe лица продолжиле да се движат пеш.

Ф.Р.К. со неговото возило веднаш се упатил по одземеното возило следејќи го по булевар „Св. Климент Охридски”, а потоа и по булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов” каде непознатиот сторител изгубил контрола над одземеното возило и удрил во металната ограда на тротоарот.

Сторителот продолжил да се движи и кон улицата „Костурски Херои” каде што го оставил возилото на тротоарот и побегнал, информираа од МВР.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави