Search

Девојка на 25 годишна возраст од Македонија исчезна во САД

Девојка на 25 годишна возраст од Македонија исчезна во САД

25 годишната Адеа Шабани исчезнала пред една недела во Лос Анџелес. Студентката по актерство, со потекло од Македонија, ја оставила вратата отклучена, како да очекувала да се врати. Последен пат е видена во близина на своето живеалиште.

Шабани пред две години во Лос Анџелес дошла од Македонија. Учела глума во академијата на стела адлер. Откако не се појавила на предавањата, тоа ги алармирало нејзините пријатели.

Мајката на изчезната Адеа веднаш од Македонија пристигнала во Ло Анџелес и најмила детектив за да ја пронајде нејзината керка.

Полицијата на Лос Анџелес интензивно трага по девојката. На полицскиот иунстаграм и твитер е објавен потерница, во која исчезнатата скопјанка се опшиоува како белкиња со руса коса и сини очи. Висока 165 сантиметри и тешка шеесетина килограми.

Треба да знаете
Последни објави