Search

Tешка кражба во продавница на мобилен оператор на „Партизански одреди“

Tешка кражба во продавница на мобилен оператор на „Партизански одреди“

Во продавница на еден мобилен оператор на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, вчера е извршена тешка кражба, соопшти МВР.

Вчера во 07.30 часот, А.Ј.(39) од Скопје пријавил дека во периодот од 20.30 часот на 27.02.2018 година до 07.30 часот на 28.02.2018 година, во продавница на еден мобилен оператор на булевар „Партизански Одреди“ непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот со употреба на сила влегол и одзел изложени „демо“ верзии на мобилни телефони од разни марки на “Самсунг“.

На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 216.950 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави