Search

Опасна метеоролошка појава: Судир на ладен и топол воздух – опасност од замрзнат дожд

Опасна метеоролошка појава: Судир на ладен и топол воздух – опасност од замрзнат дожд

По дефинитивно најстудената ноќ и утро со минимални температури на воздухот од -18 до -8 степени а на високите планини и до околу -20 степени во текот на утрешниот четврточен ден следува судир на ладниот и топлиот воздух кој ќе продре од јужните географски широчини.

Во текот на утрешниот четврточен ден на запад најпрвин ќе започнат послаби врнежи од снег но како ќе продира топлиот воздух така и врнежите од снег на пониските места ќе поминуваат во врнежи од дожд.

Во ваква ситуација и поради топлиот воздух на горниот слој на Атмосферата и ладниот на долниот слој од истата можна е и локална појава на замрзнат дожд кој директно се заледува со допирање на тлото.
Токму ова е многу опасна метеоролошка појава за граѓаните (пешаци) како и за граѓаните кој возат автомобили па затоа ги советуваме КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ како се движат и да бидат МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ со цел да не дојде до несакана ситуација.

Локални врнежи од дожд но и снег на планините и на некои од повисоките места ќе има и во текот на утрешната ноќ кон петок а веќе во петок во текот на денот врнежи од дожд ќе има и на планинските и повисоките места поради големото затоплување.

Максималните дневни температури утре (четврток) ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 5 степени додека во петок од 4 до 10 степени.

Треба да знаете
Последни објави