Search

Мицкоски: Ретко се слушам со Груевски, но се слушам и со Георгиевски

Мицкоски: Ретко се слушам со Груевски, но се слушам и со Георгиевски

Јавноста ја интересира во каква корелација е новоизбраниот претседател на најголемата партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со своите претходници, особено со Никола Груевски. Ова прашање го добива често на гостувањата, па не го заобиколи и вечерва.

-Немаме пречеста комуникација, се разбира, неколку пати сме се виделе, сме разговарале на актуелни теми. Сепак, Груевски беше 14 години пред мене на чело на партијата, логично е за некои работи од минатото кои во моментов имат влијание на иднината да се јавам и да прашам како било, што било. Зборувам за два-три пати.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Канал 5 потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена да го прими назад поранешниот лидер Љупчо Георгиевски.

-Јас во животот немам концесија. Моја единствена цел е да анимирам што е можно поголем број луѓе и целни групи за да ја поразиме оваа деструктивна политика на Заев. Апсолутно не станува збор за никаква концесија и ветувања. Сетоа ова го правам со цел да ја направам Македонија подобро место за живеење. Нашата цел е победа на следите избори и 61 пратеник. Не сме се виделе со Љупчо од пред Нова година, планирам да остварам средба, да ја продолжиме нашата комуникација и зошто да не, доколку имаме заедничка цел да ни се придружи, изјави Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави