Search

Зетот на Доналд Трамп не смее веќе да го чита извештајот на разузнавачката служба

Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џеред Кушнер, го изгуби високото ниво на пристап до доверливи информации во Белата куќа.

 

Кушнер, сопругот на Иванка Трамп, работи како висок советник на претседателот, досега добиваше брифинг на највисоко ниво на безбедност. Проверките за Кушнер уште не беа завршени, па и досега добиваше само непосредни брифинзи.

Тој и уште двајца советници во Белата куќа уште немаа добиено зелено светло од безбедносните служби и нема да добиваат доверливи информации што ја засегаат безбедноста.

Кушнер досега имаше пристап до Дневниот брифинг на Претседателот, што е извештај на разузнавачката служба.

Адвокатот на Кушнер ја потврди веста за „Политико“, откако ја обелоденија двајца анонимни извори за агенцијата „Ројтерс“.

„Политико“ објави дека Кушнер (37) бил информиран за одлуката минатиот петок.

Неговиот адвокат Ејб Лоуел рече дека ова нема да ја „наруши способноста на господин Кушнер да ја извршува важната работа што му ја има доделено Претседателот.“

Треба да знаете
Последни објави