Search

Заев има несериозен пристап кон меѓународните медиуми, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го обвини премиерот Зоран Заев дека има несереиозен пристап кон меѓународните медиуми, а со тоа, ги уривал позициите на Македонија во спорот и нанесувал огромна штета на националните интереси.

„Тој за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидува да го корегира и да ги појасни неговите позиции. Заев не запира со политиките кои се спротивни на државните и националните интереси, но судовите за тероризам и уривање на уставниот поредок ги гонат оние кои имаат храброст јавно да му се спротивстават“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 Тие повторно се осврнаа на притварањето на нивните партиски членови за настаниоте од 27 април во Собранието и велат дека повеќе од три месеци, како што ги нарекуваат, македонски патриоти, во конструиран и монтиран политички процес без основ лежат по затворите или во куќен притвор. 

 „Мукоски, Василевски, Чавков и останатите се жртви на власта предводена од СДСМ и се соочени со апсурдно обвинение за тероризам. Ваков монтиран процес во Македонија, во досегашната историја е незабележан. Ова дело е класична политичка хајка водена од власта и има за цел да ги замолчи сите оние кои не се согласуваат со антидржавните политики на СДСМ и Зоран Заев. Македонија е единствената земја во Европа каде интелектуалци, актери, режисери и доктори се обвинети за тероризам. Правосудните органи мора да се ослободат од слугувањето на наредбите на власта на СДСМ“, додаваат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави