Search

Отежнат сообраќај, забрана за движење на некои патишта

Зимски услови, влажни коловози и кашест снег е моменталната состојба на патиштата во земјата. Поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри на планинскиот превој Плетвар. Врнежи од снег со слаб интензитет има во Маврово, Смојмирово и на планинските превои Стража и Ѓавато.

 

Од АМСМ информираат за следниве забрани за сообраќај:

Маврово – Дебар, Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека, Гостивар – Кичево преку превојот Стража и Струга – граничен премин Ќафасан.

 Од 7:30 часот изутрина се укинати забраните преку превоите Буково и Ѓавато.

Обилните врнежи од снег го отежнаа сообраќајот на  патот Крушево-Прилеп и Крушево-Демир Хиса, каде е задолжителна зимска опрема за патнички моторни возила, а не се пропуштаат товарни возила.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Доколку тргнувате на пат, возете внимателно.

Треба да знаете
Последни објави