Ограбена Шпаркасе банка во Скопје

Ограбена Шпаркасе банка во Скопје

Претпладнево беше ограбена филијала на Шпаркасе банка на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Според неофицијални извори, две наоружени лица влегле во банката, ја ограбиле банката за неколку минути и заминале во непознат правец.

Полицијата го евакуирала персоналот а засега нема повредени лица и не се знае колкава сума на пари е украдена.

Треба да знаете
Последни објави