Search

„Ѕверот од Исток“ досега однесе над 20 животи

Од бранот сибирски студ што ја зафати Европа, од Балтичкото до Средоземното море, за неколку дена загинаа над 20 лица, објави агенцијата Франс прес.

Бранот студ што некои британски медиуми го нарекоа „Ѕверот од исток“, во Холандија „Сибирска мечка“, а во Шведска “Снежен топ“, предизвика здравствени проблеми најмногу кај постарите лица и бездомниците, додека сообраќајот во цела Европа се соочува со сериозни проблеми.

Температурата во текот на ноќта се спуштила и до -24 во Германија, до -29 во Естонија и -18 во Чешка.

До минатиот петок, бројот на жртвите од студот беше 23, од кои најмногу во Полска, Естонија и Литванија.

Од вчера снег има и во Лондон, а од завчера и во Рим, за првпат по шест години.

По повеќе од 30 години, за првпат снег падна и на францускиот остров Корзика.

Во Берлин вчера се измерени дневни температури од -14, додека во Швајцарија во некои делови и -38 степени.

Како резултат н студот голем број авионски летови од аеродромоите во Лондон, Ница и Неапол се откажани или доцнат.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави