Search

Поради мито приведен советникот на градоначалникот на Шутка, фатен со парите во раце

Поради мито приведен советникот на градоначалникот на Шутка, фатен со парите во раце

Полицијата го приведе советникот на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуп, С.М. поради, како што неофицијално се дознава, барање мито за легализација на куќа.

Советникот С.М., вработен како советник на градоначалникот на Шуто Оризари е приведен откако добиле пријава за барање поткуп.

Тој барал мито за легализација на куќа, а парите кои ги побарал му биле дадени. Претходно парите биле обележани. Веднаш по приведувањето и советникот и парите се однесени во скопска полициска станица.

Треба да знаете
Последни објави