Маж се соблекол пред средношколки во Штип

Маж се соблекол пред средношколки во Штип

Додека четири малолетнички биле во дворот на средното општинско училиште во Штип, непознато машко лице, кое било надвор од дворното место, ги соблекло панталоните и ги повикувало да дојдат кон него.

По преземени мерки, полициски службеници од слобода го лишиле И.А.(36) од Штип.

Тој бил приведен во Полициската станица Штип, каде во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање. По целосно документирање на случајот, против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“.

 

Треба да знаете
Последни објави