Search

Грешката на советникот од Алијансата го сели Ќосето во Сопиште?!

Грешката на советникот од Алијансата го сели Ќосето во Сопиште?!

Советникот од Алијанса за Албанците, Орхан Гафури бара ново гласање за тоа дали општина Сопиште да го вдоми споменикот на Ќосето. Тврди дека гласал против споменикот да биде преселен во нивната општина со што се доведува во прашање резултатот од денешното гласање со 6 наспроти 4, за прифаќање на споменикот.

Советникот од ДПА по седницата тврдеше дела неговиот колега од Алијанса за Албанците го подржал преселувањето на Ќосето во нивната општина.

Во советот на општина Сопиште има вкупно 11 советници, 6 од колацијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 3-ца за СДСМ и по еден советник од редовите на ДПА и Алијанса, но како што ни кажаа советниците, еден советник од Социјалистичката партија бил отсутен.

Дали после ова е можно да има некакви промени попладнево не добивме одговор претседателот на советот Јане Мицевски чиј телефон беше недостапен.

Тој утрово по седницата рече дека ќе бараат од донаторот на споменикот Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради да им го отстапи споменикот. Се планира вооружениот Ќосе да го исправат кај кружниот тек во Сопиште од каде се дели патот кон Сончев град

„Споменикот на Андон Ќосето нема да дозволиме да биде стопен. Тој гордо ќе биде поставен во општина Сопиште, а граѓаните на општина Сопиште ќе имаат спомен обележје од овој значаен историски лик, кажа Јане Мицевски, претседател на совет на општина Сопиште.
Советници од СДСМ гласале против поставувањето на Ќосето поради финансиксиите импликации, но и за да не се создаваат револт и поделби меѓу населението во општината.

„Дополнително, сметаме дека со тоа само ќе се создаваат нови дополнителни поделби помеѓу Македонци и Албанци. Ние сме мултиетничка средина во којашто живеат Македонци Албанци Турци“, кажа Сашо Стојановски, советник од СДСМ.
Споменикот од Центарот на Скопје беше отстранет пред 5 дена и однесен во кругот на фабриката МЗТ од каде донаторот треба да си го земе. Дали Ќосето ќе добие нов дом, одговор не добивме од Претседателот на здружението Сетинци, Попадинци и Крушоради.

Треба да знаете
Последни објави