(Видео) Автобус и камион се судрија во Хрватска, повредени над 20 лица

Автобус и камион се судрија во Хрватска, повредени над 20 лица

Дваесет и осум лица се повредени, од кои двајца се во критична состојба, во директен судар меѓу автобус и камион во Хрватска. Меѓу повредените се и возачите на двете возила.

Сообраќајната несреќа се случила во подрачјето на Горски Котар, каде што деновиве наврнаа над три метри снег. Очевидците велат дека наеднаш се создала снежна завеса, по што следел силен удар меѓу двете возила.

Од полицијата соопштија дека автобусот што се движел од Риека кон Делнице преминал во спротивната насока на патот и директно удрил во камионот.

 

https://www.youtube.com/watch?v=O7r9i8tUYxA

 

 

Треба да знаете
Последни објави