Search

Зошто сите седишта во авионите се со сина боја?

Дали некогаш сте се запрашале зошто речиси сите седишта во авионите се со сина боја?

Од Ryanair и British Airways па се со American Airlines, авионите од речиси сите големи авионски компании имаат сина боја на седишта. И тоа не е случајно.

„Сината боја се поврзува со позитивни работи како што се доверба, ефикасност, ведрина, свежина и смиреност“, вели авторката на „Водич за психологијата на боите“, Анџела Рајт.

Водечкиот дизајнер во областа на авијацијата Најџел Гуд, чија фирма веќе 30 години соработува со големите авионски компании, вели дека нивната работа како дизајнери е да ги зајакнуваат брендовите на овие компании и да ги направат попрепознатливи.

„Сепак, нашата основна грижа е да обезбедиме внатрешност која овозможува комфор и создава пријатно опкружување“, вели Најџел Гуд.

„Поентата е во креирање на што помалку стресни искуства кај патниците при патувањата, а сината боја предизвикува чувство на смиреност. Додека некои авионски компании избираат поотворени нијанси, други пак, се одлучуваа за „пригушени“ тонови. Општа цел е создавање на чувство на опуштеност, исто како да сте дома“, додава Гуд.

Тој тренд на сини седишта се појавил пред неколку децении и едноставно се одржал до денеска.

„Сината стана корпоративна боја која симболизира доверба и безбедност, па се уште ја користат сите големи, постари комапии“, заклучува Најџел Гуд.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави