Search

ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ ГО РАСЧИСТУВА СНЕГОТ ОД ГРАДСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ

ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ ГО РАСЧИСТУВА СНЕГОТ ОД ГРАДСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ

По врнежите на снег кои го зафатија скопскиот регион, екипите на Зимската служба на Град Скопје веднаш излегоа на терен и интервенираа на булеварите и на  магистралните улици што се во надлежност на Градот.

Во текот на изминатите часови поминати се сите булевари и улици што се во надлежност на Градот Скопје, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“.

На терен зимската служба интервенира со механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“, односно со 19 разновидни возила и машини (16 возила на зимска служба и 3 грејдери), а на располагање е и механизацијата на преостанатите јавни градски претпријатија. Во текот на вчерашниот ден и изутрината на градските улици и булевари фрлени се 455 тони индустриска сол.

Во текот на вечерта пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Припор го посети и градоначалникот Шилегов, кој ги координираше активностите на зимската служба.

И во текот на денешниот ден екипите на зимската служба будно ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите согласно со условите на теренот.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.

Zimska sluzba 25 (3).jpg

Треба да знаете
Последни објави