Search

Вајгл: Опозицијата да се вклучи во работата на Парламентот

Вајгл: Опозицијата да се вклучи во работата на Парламентот

Европратеникот Иво Вајгл, кој е известувач за Македонија во ЕП, ја повика опозицијата да се вклучи во работата на Парламентот. Потенцира дека власта и опозицијата мора да работат заедно за доброто на државата.

Вајгл кој учествува на денешната конференција на Косап, рече дела и власта треба да има предвид дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е најсилната политичка партија во Парламентот и нивното остсуство е многу проблематично, особено кога се работи за секојдневната работа во законодавниот дом.

– Владата и коалицијата на власт има одговорност да направи опозицијата да се чувствува комотно и активно и да и се даде шанса, особено за стратешки прашања што всушност недостасува во овој момент – рече Вајгл.

Нагласи дека има големи очекувања од процесот „Жан Моне“, но рече дека тој најверојатно ќе почне во март, но тоа нема да биде Париз. Одлуките и заклучоците ќе се носат во Собранието.

Теми на конференцијата на Косап се европската перспектива и владеењето на правото во земјите од Западен Балкан.

Треба да знаете
Последни објави