Пожар во Скопје – пожарникар повреден итно префрлен во болница
Доцна синоќа во 03:55 часот по полноќ во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив бил донесен Б.М.-пожарникар во Бригадата за противпожарната заштита Скопје.
Имено, Б.М. се здобил со повреди при гаснење на пожар во стан од станбена зграда на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“.
Пожарот е изгаснат, а полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.