Search

Полицијата втор месец ги бара четворицата обвинети за крвавиот четврток

Полицијата втор месец ги бара четворицата обвинети за крвавиот четврток

Четворица осомничени за настаните од крвавиот четврток сè уште ѝ се недостапни на полицијата, потврдуваат од МВР за „Макфакс“.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдија дека за четворицата осомничени постапката ќе започне по нивното пронаоѓање.​ Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор и веднаш штом ќе бидат пронајдени, ќе бидат спроведени во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Со националната потерница, која беше објавена на 27 декември, се бараат Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски, Александар Василевски – Нинџа и Питроповски Митре. Полицијата во јануари објави и меѓународна потерница. Беше пронајден само Младен Додевски. Имињата на Митревски и Василевски неофицијално се поврзуваат и со бегството на двајцата ексразузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција минатата недела до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави предлог за продолжување на мерките што беа претходно изречени за 20 лица од 35 осомничени за случувањата од 27 април: За 13 лица Обвинителството достави предлог за продолжување на мерката притвор; за седум лица предлог за продолжување на мерката куќен притвор, за едно лице продолжуваат мерките на претпазливост до завршување на постапката.

За двајца осомничени што подоцна се притворени Обвинителството дополнително ќе достави предлог, а за едно лице решението за продолжување на мерката притвор е порано донесено. Во меѓувреме Апелациониот суд во Скопје врз основа на жалбите на одбраната им изрече мерка куќен притвор на седум лица.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави