Search

Времето денеска облачно, но без врнежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно и суво, со умерен југоисточен ветер. Во крајните јужни и северни планински делови, особено попладне, ќе има услови за претежно слаб снег. Утринската температура се движи од еден до седум, а дневната ќе биде од пет до 11 степени.

Во Скопје облачно и суво со умерен југоисточен ветер. Утринската температура се спушти до три, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Утре ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови. Од недела се очекуваат врнежи претежно од снег, кои само во крајниот југоисточен дел од земјава ќе бидат од дожд и снег. До вторник насекаде се очекува формирање на снежна покривка, а на планините нејзино значително зголемување.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави