Search

За пет минути повредени тројца пешаци на ист булевар во Скопје

За пет минути повредени тројца пешаци на ист булевар во Скопје

Тројца пешаци синоќа се прегазени во две сообраќајни несреќи што се случие во период од пет минути на ист булевар во центарот на Скопје. Како што информира МВР, пешаците биле прагезени на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, по што веднаш се пренесени во болница. Едниот од нив е пуштен на домашно лекување.

Првата сообраќајна несреќа се случила во 21:55 часот кога возило „тојота“ со скопски регистарски таблички удрило во двајца пешаци на возраст од 24 и 25. Од ударот С.Ѓ се здобила со телесни повреди и укажана ѝ е помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“, по што е пуштена на домашно лекување. Вториот пешак М.П. е пренесена во Ургентен центар, каде што ѝ е укажана помош и е пуштена на домашно лекување, информираат од МВР.

Само пет минути подоцна на истиот булевар возило „форд фиеста“ управувано од 30-годишен скопјанец удрило во 45-годишна жена од Скопје. Т.Г. е пренесена во ГОБ „8 Септември“.

 

Треба да знаете
Последни објави