Search

Тага! На татко на убиена ученичка “му пукнало срцето” пред Трамп: Нема да ја видам повеќе! Не е тука! Таму е, на гробиштата! Таму сега ќе ја гледам мојата ќерка!

Ендру Полак, чија 18-годишна ќерка Медоу била убиена минатата недела во масакрот во средното училиште “Марџори Стоунмен Даглас” во Паркленд на Флорида, зборувал на состанокот на учениците и родителите со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Трамп седел во полукругот во трпезаријата на Белата куќа и слушал шест преживеани ученици како плачат и бараат промени, кога таткото на убиената девојка станал да зборува. 

“Мојата ќерка повеќе нема глас! Убиена е минатата недела, ни ја одземаа. Застрелана е девет пати на третиот кат на училиштето. Ова не смееше да се случи. Кога одам на аеродром, не ме пуштаат во авион со шише вода. Но дозволуваме некое животно да влезе во училиште и да ни ги убие децата”, потресено зборувал таткото, барајќи подобра заштита за училиштата.

 

During a listening session with President Wednesday, Andrew Pollack, whose daughter Meadow was killed in the Florida high school attack last week, said he’s “pissed” and called on Americans to come together to protect schools. http://bit.ly/2ojTszh

 

18-годишната Медоу, единствена ќерка на семејството Полак, е жртва на пукањето во училиштето во Паркленд.

“Обезбедуваме аеродроми, концерти, стадиони, амбасади, Министерството за образование, во кое денес бев. Таму имаат обезбедување во лифтот! Во лифтот! Што мислите, како се чувствував?”, рекол Полак, околу кого биле тројцата синови.

“Многу сум бесен поради ова, бидејќи се повторува. Нападот на 11. септември се случи еднаш и се е средено. А колку училишта, колку деца треба да бидат таму убиени? Нема да спијам додека тоа не се реши”, тешко зборувал Ендру Полак, додека еден од синовите го смирувал, па му се обратил на Трамп:

“Господине претседателе, ќе го средиме ова. Јас ќе го средам. Нема да мирувам. Моите синови мора да живеат со ова. Погледнете не! Јас сум маж, но гледам низ што ми минуваат децата. Ја погребуваат својата сестра! Решете го ова!”.

“Бесен сум! Повеќе никогаш нема да ја видам мојата ќерка. Не е тука! Таму е, на гробиштата! Од сега таму ќе ја гледам мојата ќерка. Седнете и решете ја безбедноста во училиштата, па занимавајте се со што сакате, но нашите деца мора да бидат безбедни”, рекол Ендру.

Треба да знаете
Последни објави