Search

Син со нож до смрт го избоде татка си во Штип

Син со нож до смрт го избоде татка си во Штип

Дваесет и деветгодишен штипјанец го убил својот ттако вчера изутрина во семејниот дом. Според првичните сознанија на полицијата, во тоа му помогнал неговиот 24-годишен пријател. Двајцата се приведени во штипската полиција, каде што е во тек истрагата за смртта на 62-годишниот Трајчо Б., кој беше пронајден мртов во неговиот дом на улицата „Сутјеска“. Засега не се познати мотивите за убиството.

Според штипската полиција, сè почнало вчера во утринските часови кога почнала расправија меѓу синот, кој е во инвалидска количка, и таткото. Во еден момент синот почнал да го удира со тупаници и тапи предмети, а потоа со нож му нанел смртоносни повреди во пределот на главата.

Синот Г.Б и неговиот пријател, на возраст од 24 години, се осомничени за кривично дело убиство и се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Штип.

Убиениот бил пронајден со видливи повреди на главата. Мртвото тело го пронашол неговиот син, а случајот во полиција го пријавила сосетката. По налог на дежурен јавен обвинител на информативен разговор во штипската полиција веднаш биле  повикани три лица на возраст од 24 до 32-годишна возраст. Меѓу нив и неговиот син.

Треба да знаете
Последни објави