Search

Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Таравари за разрешување и именување на директори на училишта

Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Таравари за разрешување и именување на директори на училишта

Министерството за образование вчера ги одзело ингеренциите на градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари за именување и разрешување на директори во основните и средните училишта поради непочитување на законската процедура.

„Државниот просветен инспекторат донесе решение градоначалникот на Гостивар да ги исправат процедурите при именување и разрешување на директорите на училиштата, бидејќи не се направени според процедурите. Тоа не е направено и одземени се ингеренциите за девет месеци за да се спроведе владеење на правото“, одговори министерката за образование Рената Треневска Десковска на пратеничкото прашање на Сурија Рашиди, зошто СДСМ игра по нотите на коалицискиот партнер ДУИ.

Арбен Таравари е градоначалник од редовите на опозициската Алијансата за Албанците предводена од Зијадин Села.

На седницата не присуствуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја бојкотираат работата на Собранието.

Треба да знаете
Последни објави