Search

Хорор во Перу: Загинале најмалку 44 лица кога автобус паднал низ карпа висока 200 метри, спасувачка операција е во тек

Несреќата се случила утрово пред зората, во близина на реката во провинцијата Камана.

Во јужен Перу од пат слетал двокатен автобус и летал 200 метри низ карпа, при што загинале најмалку 44 луѓе, соопштила перуанската полиција. 

Службеникот на сообраќајната полиција, Хорхе Кастиљо, рекол дека бројот на загинати, кои според првобитниот извештај изнесувал 25, пораснал откако биле преброени телата кои биле најдени на местото на несреќата, пренесува “AP”.

Полицијата соопштила и дека 20-тина лица биле повредени, но се нагласува дека не се знае колку точно луѓе се наоѓале во автобусот.

Хеликоптерите на воздухопловните сили помагаат во спасувањето.

Несреќата се случила утрово пред зората, во близина на реката во провинцијата Камана.

Причината за несреќата засега е непозната, но сообраќајните несреќи предизвикани од невнимателно возење на лоши планински патишта секоја година одземаат десетина животи во Перу.

Во јануари 52 лица загинале во најголемата сообраќајна несреќа во таа земја во последните четири децении, потсетува американската агенција.

Треба да знаете
Последни објави