Search

Дури 94 отсто од жените во Холивуд сексуално злоставувани

Истражување покажало дека дури 84 отсто од жените вработени во американската филмска индустрија доживеале сексуално вознемирување или напад, пренесува The Guardian.

 

Во анкетата учествувале речиси 850 испитаници вработени во разни гранки од филмската индустрија, вклучувајќи режисерки и актерки, од кои поголемиот дел претрпеле сексуално злоставување.

Тоа се движело од сексуални коментари, покажување на голи делови на телото, до присилување на жени на секс.

Жените исто така откриле колку често биле присилувани да се разголат за време на аудиција, без однапред да бидат предупредени за такво нешто.

Дури секоја четврта жена пријавила ваков тип на инциденти, а само 28 од нив сметаат дека ситуацијата им се подобрила.

Треба да знаете
Последни објави