Search

Таравари: Заев го направи истото што го направи Груевски во 2010 година

Таравари: Заев го направи истото што го направи Груевски во 2010 година

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го критикуваше премиерот Зоран Заев споредувајќи го со неговиот претходник.

„Денес Заев ги зема ингеренциите од Општина Гостивар и ѝ ги даде на ДУИ. Истото се случи и во 2010 година, меѓутоа тогаш тоа го направи Груевски. Каде е разликата меѓу 2010 и 2018 година?! Менталитетот, кој не мисли како нас, треба да се уништи!
Секоја чест, баш ‘општество за сите’“, напиша Таравари на „Фејсбу“.

Ваквата реакција доаѓа откако денеска министерката за образование, Рената Десковска, рече дека Таравари повеќе нема да може да разрешува и именува директори затоа што ги прекршил процедурите.

 

 

Треба да знаете
Последни објави