Search

Вработени во Министерството за надворешни работи се степале во канцеларија

Двајца вработени во Министерството за надворешни работи се степале во канцеларија. Од полицијата не откриваат детали за инцидентот и зошто дошло до тепачката.

Според информациите на МВР, вчера во 16,40 часот, Т.Р.(41) од Скопје пријавил дека истиот ден во 15:20 часот, во канцеларија во зградата на Министерството за надворешни работи на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје, физички бил нападнат од В.С., со кого ја делел канцеларијата.

Според пријавата, додека Т.Р. работел, В.С. го нападнал со повеќе удари со тупаници во пределот на главата и телото. На Т.Р. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави