Search

Соња Тарчуловска дала отказ од „Водовод и канализација“ пред локалните избори

Соња Тарчуловска дала отказ од „Водовод и канализација“ пред локалните избори

До неодамна, вработена во јавното претпријатие „Водовод и канализација“ била и фолк-пејачката, Соња Тарчуловска, сопруга на Јохан Тарчуловски, потврди за „Фокус“, директорот на јавното претпријатие Душко Весковски. Нејзината работна позиција била во секторот за јавни набавки.

Тарчуловска дала отказ непосредно пред локалните избори. Новиот директор на оваа институција вели дека се случува чуден феномен во претпријатието, по неговото доаѓање одеднаш барање за отказ поднеле четворица вработени.

Пред неколку дена тој обелодени дека во „Водовод и канализација“ се вработени и лица кои по своите квалификации не треба да бидат таму. Весковски вели дека има вработен и стомотолог и напоменува дека во рамки на претпријатието не постои ординација каде што стоматологот би ја вршел својата дејност. Тој потсетува дека меѓу вработените се евидентирани и такви кои со години земале плата, а не доаѓале на работа.

-Но преземавме мерки и согласно законските прописи овие луѓе се интегрирани во системот на работа – изјави тој

Треба да знаете
Последни објави