Search

Осумгодишно дете шверцувано во куфер

Осумгодишно дете шверцувано во куфер

Осумгодишно момче од Брегот на Слоновата коска било шверцувано во куфер од Мароко во Шпанија. Инцидентот се случил во мај 2015 година, но деновиве повторно се најде во фокусот на јавноста откако таткото на момчето избегна затворска казна, и ќе мора да плати парична казна. Шпанското обвинителство бараше затворска казна за Али Оутара поради помагањето на нелегалното влегување на неговиот син во Шпанија.

Казната сепак беше сменета, откако обвинителството призна дека нема докази оти таткото знаел дека неговиот син ќе биде шверцуван во куфер.

– Ниту татко ми, ниту јас не знаевме дека ќе ме стават во куфер – изјавил 10-годишниот Аду пред шпанските судии.

Аду додал дека многу тешко дишел во куферот, кој бил искористен за неговото преминување на границата помеѓу Мароко и шпанската енклава Цеута. Момчето било откриено, откако полицајците запреле жена која влечкала тежок куфер. При скенирањето на куферот, тие забележале дете, кое било наместено во позиција на фетус.

Оутара ќе мора да плати казна од 92 евра. Момчето сега живее со неговата мајка во предградие на Париз, а допатувало во Цеута за да сведочи на судењето на таткото, јави Би-би-си.

 

Треба да знаете
Последни објави