Search

Дамовски и Илиевски излегуваат од затворот во Шутка, Чавков останува во притвор

Шестмина обвинети за настаните во Собранието од 27 април минатата година, меѓу кои пратеникот Љубен Арнаудов, Богдан Илиевски – Бетмен Велит и Борис Дамовски ќе излезат од притворот во затворот во Шуто Оризари, потврдија од Апелацискиот суд во Скопје.

 

Судот ги прифатил нивните жалби, а мерката притвор им е сменета со куќен притвор и одземање на патните исправи. Останатите тројца на кои судот ги прифатил жалбите и од затворски заминуваат во куќен притвор се Јане Ченто, Оливер Радулов и Иван Цветановски.

За поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, останува мерката притвор. Пратеникот Јохан Тарчуловски останува во куќен притвор.

Обвинетите за упадот во Собранието се во притвор речиси четири месеци.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април во Собранието.

 
Треба да знаете
Последни објави