Search

Во наредните денови дождливо, на планините снег

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

 

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови од земјата.

Денеска во овие делови локално се очекува да наврнат над 20 литри на квадратен метар, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми.

Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер по должината на Повардарјето и во источните подрачја.

Треба да знаете
Последни објави