Search

Севернокорејците заминуваат од Пјонгчанг без медали, ги чека казна или затвор

Севернокорејската олимписка репрезентација се враќа од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг без ниту еден медал, а медиумите веќе шекулираат дека по враќањето, дома ги чека остра казна.

 

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун испрати 22 спортисти и армија од 280 навивачки во надеж дека неговата земја ќе оствари некаков историски успех на Олимписките игри во Јужна Корeја.

„Дејли мејл“ пишува дека по враќањето без медали, можно е спортистите да завршат во некој од севернокорејските казнени затвори. Севернокорејскиот режим е познат по острите казни, а многу извештаи говорат за тоа дека цели спортски тимови јавно се посрамени бидејќи лошо се покажале на меѓународните натпреварувања.

Дедото на Ким Џонг Ун наводно ја уапсил и затворил во работнички камп фудбалската репрезентација кога испаднала од Светското првенство. Се шпекулира дека фудбалерите премногу се забавувале пред натпреварот во второто коло со жени и алкохол, а по враќањето дома, властите ги уапсиле и ги испратиле во концентрационен логор.

Во книгата „Аквариумите на Пјонгјанг“, Канг Чол Хван, кој побегнал од Северна во Јужна Кореја, открива дека еден член од фудбалската репрезентација станал познат дека издржува многу мачење, па добил прекар „Бубашваба“ бидејќи јадел инсекти за да преживее.

Во 2010 година имаше тврдења дека владата ги казнила тренерот на фудбалската репрезентација и играчите кога ги изгубиле сите три натпревари на Светското првенство во Јужна Африка.

Играчите тогаш биле подложени на остра идеолошка критика бидејќи примиле најмногу голови од сите учесници, а селекторот на тимот изјавил дека е јавно посрамен и осуден на тешка работа.

За севернокорејските власти е важно спортските тимови да остваруваат победи, а како доказ за тоа е и фактот дека се подготвени да лажираат снимки од натпревари за да изгледа дека победиле.

Треба да знаете
Последни објави