Search

Пратениците на координација за кворум, Милошоски пред сала ја чека точката за ДИК

Само десетина минути траеше седницата на која на дневен ред се изборот на потпретседатели на Собранието и објавувањето оглас за избор на нов состав на ДИК.

Пратениците не успеаа да го утврдат дневниот ред, бидејќи не обезбедија кворум за работа. Собранискиот спикер, Талат Џафери, даде половина час пауза и ги повика на координација координаторите на пратеничките групи. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се присутни, со исклучок на пратеникот Антонио Милошоски кој чека надвор од салата, како предлагач да ја образложи точката за комплетирање на оставот на Државната изборна комисија. Тој изрази сомневање дека власта се обидува да го опструира изборот на членови на ДИК, со тоа што ќе ја повлече точката од дневен ред или ќе се гласа против.

Претходно, пратениците ги изглааа измените на законот за пензиско и инвлаидско осигурување кој како категорија на осигуреници ги опфаќа и индивидуалните земјоделци. Од 2013 година, како што рече, министерката Мила Царовска се воспостави нова дефиниција „семејно земјоделско стопанство“, но до 1 декември 2017 година се уште не е воспоставена можност да се изврши нова категоризација на земјоделците. Затоа предвидуваме натамошно задржување на претходната дефиниција „индвидидиални земјоделци-обврзници на данок на приход од вршење на земјоделска дејност на кои земјоделската дејност им е единствено занимање“, образложи Царовка.

Треба да знаете
Последни објави