Search

ПЕДОФИЛ СЕ ДОПИШУВАЛ СО 11 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ: НЕЈЗИНИОТ ТАТКО МУ ЗАКАЖАЛ СОСТАНОК

ПЕДОФИЛ СЕ ДОПИШУВАЛ СО 11 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ: НЕЈЗИНИОТ ТАТКО МУ ЗАКАЖАЛ СОСТАНОК

Аргентинецот Волтер Родригез одлучил да се пресмета со педофилот кој сексуално ја вознемирувал неговата 11 годишна ќерка и закажал состанок со него, преправајќи се дека пораката ја пишува девојчето. Кога го видел на улицата го претепал, а потоа викнал полиција.

Подоцна педофилот е идентификуван како Герман Акоста (29) кој со денови ја вознемирувал ќерката на Волтер и ја убедувал да се состане со него, но на никој да не кажува со кого ќе се види. Акоста не се надевал дека девојчето ќе каже на својот татко.

Откако му кажала на својот татко што се случува, тој продолжил да се допишува со педофилот.

“Кажи им дека ќе одиш да се најдеш со пријателка” напишал Акоста, незнаејќи дека се сопишува со нејзиниот татко.

Тој и праќал пораки со сексуална содржина и барал од неа да му прати свои слики каде е облечена само во долна облека.

“Јас сум невина” напишал Родригез, преправајќи се дека е 11-годишното девојче/

“Тоа е супер” напишал Акоста.

Подоцна за медиумите, Родригез кажал дека прво договорил состанок во неговата куќа, но во тој случај сигурно ќе го убиел. Сепак подоцна Акоста го променил планот и сакал да се најдат на улицата во населбата Вила Кресто во Буенос Аирес.

Кога го видел Акоста, Родригез веднаш го удрил по главата, а потоа го претепал и повикал полиција. Го фотографирал целиот во крв и фотографиите ги прикачил на друштвените мрежи. Исто така со фотографиите прикачил и слики од пораките кои ги разменувал со девојчето.

“Овој човек е перверзник. И праќање на мојата 11-годишна ќерка фотографии и пораки” капишал на Фејсбук.

Родригез и Акоста сега се соочуваат со обвиненија, но ниеден од нив не е притворен. Родригез е обвинет за насилство, а Акоста за сексиално вознемирување на малолетни лица.

“Им покажав се и не ми е јасно зашто тој човек не е притврен. Таква личност не заслужува слободно да шета” кажува Родригез.

Законот во Аргентина пропишува дека секој кој сексуално вознемирува малолетници, како и на интернет, така и по пораки на мобилен, ќе биде соочен со казна затвор од шест месеци до една година.

“Бидејќи го ослободија постои ризик за општеството и може некое друго дете да биде вознемирувано” предупредува Хернан Наваро од невладината организација која се бори против сексуалното вознемирување на малолетниците.

Наваро кажал дека овој вид на малтретирање не се пријавува доволно во Аргентина и дека често пати родителите не се свесни на кои начини овие предатори им приоѓаат на нивните деца.

“Родителите мислат дека децата седат покрај нив и дека се безбедни. Но децата се целосно сами на интернет” додава Наваро.

Треба да знаете
Последни објави