Search

Ученичка од нападнатото училиште му порачала на Трамп: “Не ми требаат твоите мисли и молитви”

Одговорот на една ученичка од нападнатото училиште до американскиот претседател Доналд Трамп, со брзина на светлината се шири на интернет.

Имено, откако 19-годишниот Николас Круз во училиштето на Флорида со автоматска пушка “AR-15” убил 17 луѓе, американскиот претседател Доналд Трамп, баш како и многу пати до тогаш, на Твитер напишал дека се моли за жртвите. 

“Моите мисли и молитви се со семејствата на жртвите на страшниот напад на Флорида. Ниедно дете, наставник или било кој друг не би требало да се чувствува небезбеден во американските училишта”, објавил Трамп на Твитер по страшниот масакар на Флорида.

На неговиот твит бурно реагирала 16-годишната Сара Чедвик, ученичка во нападнатото училиште.

“Ни ми треба твоето сочувство, моите пријатели и наставници се застрелани. Неколку мои соученици од одделението се убиени. Направи нешто наместо да ги праќаш своите молитви, тие нема ништо да поправат, но подобра контрола на оружјето би можела да спречи вакво нешто да не се повтори”, напишала Чедвик, а нејзините зборови со брзина на светлина се прошириле на социјалните мрежи. Одговорот на Сара до претседателот го лајкнале повеќе од 350.000 луѓе, а 150.000 го споделиле. Сара Чедвик потоа го избришала твитот, но веќе бил вирален.

На Твитер дополнително напишала: “Што се однесува до мојот Твит пратен до претседателот Трамп, се извинувам за пцовките. Се надевам дека знаете дека сум 16-годишно дете кое вчера ги изгуби пријателите. Бев и уште сум лута. Се извинувам за својот коментар, но не и за својот бес”.

 

About my tweet directed to president trump, I apologize for the profanity and harsh comment I made. I hope you know I’m a grieving 16 year old girl who lost friends, teachers, and peers yesterday. I was and am still angry. I am apologizing for my comment but not for my anger.

 

Имено, голем број на Американци се уморни од предвидливите реакции на лидерите на секој нов масакр со огнено оружје во САД, земјата во која е многу лесно да се купи оружје. Таквите реакции се сведуваат на “мисли и молитви”, и така до следниот крвав напад.

Треба да знаете
Последни објави