Search

Шекеринска панелист на Глобалниот форум на жените – политички лидери во Минхен

Денеска заканите не мора да се во униформа, туку тие се манифестираат со ерозијата на главните принципи и вредности, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на днешниот панел во Минхен, на тема „Новите закани побаруваат ново лидерство: Утврдување на глобалната безбедносна агенда од перспектива на жените“ организиран од Глобалниот форум на жените – политички лидери.

 

Панелот се организираше во пресрет на Минхенската безбедносна конференција која започнува денеска.

Говорејќи за безбедносните мерки и новите закани, Шекеринска рече дека новата влада прави сè што е во нејзина моќ да ја врати Македонија на патот кон демократските вредности, слободите и просперитетот.

Панелот стави фокус на прашања поврзани со безбедносната политика, новите закани, социјалната кохезија во безбедносните дебати, и на тоа кои се главните приоритети на безбедносните политики и како жените-политичари можат да дадат една нова перспектива во менаџирањето со заканите.

Покрај Шекеринска, на настанот беа и бароницата Кетрин Ештон, поранешна потпретседателка на Европската комисија и поранешна висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Џенифер Морган, извршен директор на Гринпис Интернационал, Патрициа Флор, генерален директор за Меѓународниот ред, Обединетите Нации и контролата на вооружувањето во германската федерална канцеларија за надворешни работи и Џули Лин Теигланд, регионален менаџер на „Ернст и Јанг“ за Германија, Швајцарија и Австрија.

Треба да знаете
Последни објави