Search

Поповска: Груевски ме уценуваше со девет годишната казна затвор за зет ми ако излезам од коалиција

Во дел од интервју за Мактел Лиле Поповска тврди дека кога решила да излезе од владината коалиција во 2015-та, Груевски ја уценувал со девет годишната казна затвор на нејзиниот зет за сестра!

Мактел: Зошто тогаш чекавте толку долго да излезете од владата на Груевски?

Лиле Поповска: Затоа што бев уценета на најподол можен начин.

Мактел: Со што уценета?

Лиле Поповска: Јас долго време верував дека ВМРО ДПМНЕ е патриотска партија, тврдам дека од 2006-та до 2010-та владата работеше феноменално, но потоа почна да забегува, кога почнавме да увидуваме дека работите веќе не течат во правилна насока, почнавме полека да се дистанцираме, па така во 2013-та решивме на локалните да одиме сами, и полека во 2014-та донесовме одлука на изборите да одиме сами и на парламентарните, но тогаш добив уцена со тоа што ни направија судско-полициска местенка и ни уапсија пола раководство на партија меѓу кои и мојот зет за сестра Перо Јосифов и ги пикнаа во притвор за комичен монтиран случај од кој им се закануваше затвор од десетина години на секој од нив. Верувам сега кога ќе си го вратам филмот дека Груевски и Сашо ни ги слушале телефоните и дознале дека планираме да ја напуштиме коалицијата и испланирале начин како да не држат во владата преку тоа што ќе ни уапсат пола раководство на партија и ќе ни ги пикнат во притвор и тоа во најлошото одделение во Шутка. Мислам дека овие 3-4 години остарев за 10 години, нагло ослабев и си го изгубив здравјето од стрес за тоа низ што поминаа моите сопартијци и мојата снаа и зет.

Треба да знаете
Последни објави