Search

Груевски: Поповска бараше од мене да го ослободам зет ѝ, јас не се мешав во судот

Груевски: Поповска бараше од мене да го ослободам зет ѝ, јас не се мешав во судот

Никола Груевски, екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на обвинувањето на Лилјана Поповска од ДОМ, за причините за затворањето на нејзиниот зет.

„Јас како премиер, прв пат дознав дека зетот на пратеничката Лилјана Поповска е притворен од неа лично, три месеци откако бил притворен, на средба во Владата која се одржа по нејзино барање.

На таа средба и на неколку други подоцна, пратеничката Поповска бараше од мене, нејзиниот зет да биде ослободен од притвор.
До ден денеска мислам и уверен сум дека иако таа тоа експлицитно не го кажа, излегувањето на пратеничката Лилјана Поповска од коалицијата „За подобра Македонија“, се должи токму на фактот што одбив да се вмешувам во работата на судот и обвинителството.
Тоа беше мој принцип како премиер и законска обврска.

Од она што го дознав во јавноста подоцна, по доаѓањето на СДСМ на власт и по заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, Кривичниот Суд го прогласи за виновен нејзиниот зет, кого лично не го познавам, ниту се сеќавам на неговото име, лик, ниту можам да тврдам дали е виновен или не.

Сепак, го поздравувам фактот што по речиси едногодишна апстиненција во јавноста, откако скриена од очите на јавноста го премолче штетниот договор со Бугарија, неуставната двојазичност и актуелните дебати за промена на името, конечно се појави пред јавноста и на некој начин, повеќе потсвесно отколку свесно, раскажа зошто ја напуштила коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Груевски на својот профил на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави