Search

Веста за разрешување судии предизвика паника низ судовите

Веста за разрешување судии предизвика паника низ судовите

Веста дека ќе се разрешуваат судии, предизвикала паника низ судовите. Претседателот на Судскиот совет се пожали дека судиите ги вознемирила објавата во медиумите дека ќе се разгледуваат претставки за разрешување. Му се јавувале да прашуваат дали навистина Советот ќе разрешува. До нив имало над 200 претставки за несовесно постапување на судиите. Сепак, денеска не одлучуваа. Ќе формирале комисии кои ќе истражувале дали има основ судиите да бидат разрешени. Нема утврден рок, кога треба да одлучат дали има основ некој судија да биде разрешен. Пет претставки за нестручно постапување пристигнале од веќе укинатиот Совет за утврдување одговорност кај судија.

Согласно Законот ќе се формира комисија од три члена по пат на ждрепка, која што натаму ќе има законска обврска да расправа да поканува да си одржува тоа што е со Законот е предвидено да истражува. Кога ќе ја заврши својата работа треба да достави извештај до сите членови на Судскиот совет на седница“, изјави Зоран Караџовски, Претседател на Судски совет

Пред да даде изјава за медиумите, Караџовски ги искара новинарите. Се закани со исфрлање од седницата која беше јавна. Одржа куса лекција каде новинарите имаат право на збор, каде не.

Ќе ве отстраниме…Јавна е седницата.. А имате право да дофрлате.. Може да се јавам за збор..Не, не може…Затоа имате телевизија да си земете збор таму.. Повелете..Благодарам Претседателе.. Се извинувам, знаете како новинари таму кај што присуствувате немате право на збор“, рече Караџовски

Судскиот совет меѓу другото треба да донесе одлука дали ќе го разреши од шеф на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Оваа претставка ја поднесе веќе укинатиот Совет за утврдување одговорност кај судија. Тие утврдија несовесно постапување кај Вангеловски, при одлуката да му го укинат притворот на бизнисменот Сеад Кочан кој беше во бегство, а обвинет од СЈО за лажирање документација за тендер вреден над 17 милиони евра во државната ЕЛЕМ.

Треба да знаете
Последни објави