Вчера на официјалниот сај на Македонска берза Прилепска пиварница А.Д. Прилеп излезе со соопштение дека врз основа на Пресудата на Управниот суд Упрк бр. 2/2017, Решението бр ПП бр. 09-7/10 од 22.05.2017 година од Комисијата за заштита на конкуренција со кое на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп и беше изречена глоба во износ од 166.778.900,оо денари беше поништено и предметот беше вратен на повторно одлучување.
Постапувајќи по напатствијата на Управниот суд Комисија за заштита на конкуренцијата-Комисија за одлучување по прекршок со Решение ПП бр. 09-2/2 од 07.02.2018 година и изрече глоба на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп во износ од 4.297.995,оо денари