Search

Плакат со мртовечка глава на влезот од српската амбасада во Сараево

 

На влезот во амбасадата на Србија во Сараево непознати лица залепиле плакат на кој има нацртана мртовечка глава, под која пишува „четници костобацани. Амбасадорот на Србија во Босна и Херцеговина, Станимир Вукичевиќ изјавил дека до инцидентот дошло вчера меѓу 17.30 и 18 часот, по што била известена полицијата која извршила увид и го зела плакатот заради вештачење, објави порталот „Фокус“.

Вукичевиќ смета дека ова е многу провокативен плакат и дека денешните демонстрации на Босанското движење пред зградата на амбасадата, се два поврзани настани. Тој истакна дека нема повод за таква реакција.

„Ниту сме направиле нешто, ниту сме презеле, ни амбасадата, ни државата Србија, за да се реагира така“ додаде Вукичевиќ.

Според Вукичевиќ, причина би можело да биде денешната прослава на празникот (Сретење) и дека на тој начин покаже расположение на еден дел од босанската популација, кои не сакаат добри српско-босански односи, кои сакаат инциденти и не сакаат нормализација на односите меѓу земјите во регионот, пред се меѓу БиХ и Србија.

Тој најави дека Амабасадата на Србија во Сараево ќе ги подигне мерките за безбедност, бидејќи, како што вели Вукичевиќ, по ваков инцидент, тоа е обврска. Денеска во Србија се одбележува Денот на државноста – Сретење, по повод празникот и српската амбасада во БиХ организирала прием.

Треба да знаете
Последни објави