Search

На Заев му е важен идентитетот на македонскиот народ во преговорите за името

Премиерот Зоран Заев по подолг период на водење на процесот на преговори за разликите околу името кои со нашата земја ги има Грција, конечно спомена дека многу важни се идентитетските одредници и лак е постигнат ако ништо почетен договор дали ќе се емитуваат сите балкански музички канали.

Тоа што на многумина граѓани како и на стручната аналитичка јавност и беше многу чудно и недоречено, но сега Заев објасни дека тоа зависело од начинот на кој се водат преговорите и исходот од нив.

„Јас не ги коментирам деталите, заради тоа што ќе излезе дека преговараме преку медиумите. Но, реков: Достоинството е многу важно. Идентитетот е многу важен. Од тука отприлика и кажуваме сè. Да му дадеме шанса на преговарачкиот процес, а да не влегуваме во деталите во самите точки, од проста причина што вреди да му се даде шанса на овој процес да се дојде до решение. Ако ги коментираме сите детали внатре, навистина тоа е болно, невозможно да го донесе конечното решение. И од тој аспект, мислам дека знаат и граѓаните кои се нашите ставови и во поглед на ова и во поглед на другите прашања. Но, да бидеме внимателни за да му дадеме шанса на процесот кон решение“, изјави Заев.

Премиерот како што знаеме досега веќе изјави дека за него е прифатлива географска заедница до името, но и натаму не се спомнува дали ќе биде наметнато „erga omnes“ решени за севкупна употреба.

„Знаете дека се спомнуваат неколку имиња. Тоа значи дека за нас е прифатливо име со географска одредница, односно ги отстрануваме сите други, кои беа, со временска одредница, или некои други укажувања кои доаѓаа како предлози“ смета Заев.

Сега повеќе се очекува од грчката страна која треба да понуди рака на пријателство.

 

 

Треба да знаете
Последни објави