Search

Хорор дупка во центарот на Рим: Се отворила навечер и почнала да голта автомобили, наредена итна евакуација

 

На дното на огромната дупка сега се гледаат скршените автомобили кои паднале во неа.

Во предградието на Рим одненадеж се отворила земјата и настанала дупка длабока дури девет метри. Во текот на големиот одрон во дупката завршиле шест автомобили, додека од домовите во близина биле евакуирани 20 семејства, пишува “Daily Mail”. 

До големиот колапс на земјиштето дошло во околу 5:30 часот во римската населба Балдуниа, која се наоѓа меѓу улиците Ливио Андонико и Латансио. Драматичните снимки покажуваат колку голема штета настанала откако земјата наеднаш пропаднала.

На дното на огромната дупка сега се гледаат скршените автомобили кои паднале во неа. Евакуирано е населението во близина, а во текот необичниот настан, за среќа немало повредни, пишува Daily Mail.

Не се знае која е причината за пропаѓањето на земјата, но познато е дека на тоа подрачје меѓу 25. и 28. јануари се вршеле по излевање на вода.

Треба да знаете
Последни објави