Search

Германија: Србија да го признае Косово, ако сака во ЕУ

Признавањето на независноста на Косово од Србија е клучен услов ако Белград сака да влезе во Европската унија. Ова го изјави германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

„Ако Србија сака да стане членка на ЕУ, владеењето на правото е основен предуслов, како и усвојувањето на независноста на Косово“, рече шефот на германската дипломатија.

„Ова е главен услов за пристапување во Европа“, рече Габриел, додавајќи дека претходно ја испратил истата порака до властите во Белград.

Србија се надева дека ќе пристапи во Унијата во 2025 година, датумот што го постави Брисел во својата неодамна објавена стратегија за вклучување на Западен Балкан во заедницата, според Ројтерс.
Српските власти се надеваат дека признавањето на Косово нема да биде клучен услов за членство. Министерот за одбрана, Александар Вулин, рече дека Белград и Приштина треба да го поделат Косово.

Габриел рече дека Германија ќе му помогне на Косово да биде признаено од петте земји на ЕУ кои се уште не го сториле тоа – Шпанија, Романија, Кипар, Грција и Словачка. Причината е што тие се загрижени за територијалните претензии од соседните земји или отцепувањето на териториите.

Косово прогласи независност на 17 февруари 2008 година. Тоа е признато од страна на САД и повеќето земји на ЕУ.

 

 

 

 

ИЗВОР:http://standard.mk/germanija-srbija-da-go-priznae-kosovo-ako-saka-vo-eu/

Треба да знаете
Последни објави