Search

Атинскиот градоначалник во одбрана на Бутарис: Тој е вистински патриот

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис кој се најде под жестоки критики поради изјавата дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“, доби поддршка од неговиот атински колега, градоначалникот на грчката престолнина Јоргос Каминис, кој го нарече “вистински патриот”, пишува весникот Екатимерини, во електронското издание на англиски јазик.

 

-Патриотизмот е да им служи на интересите на луѓето со реализам, напиша градоначалникот на Атина вчера на Твитер. “Јанис Бутарис е вистински патриот”.

Бутарис беше критикуван по изјавата оваа недела дека Солун треба да размисли за преименување на својот аеродром „Македонија“. Критиките се резултат главно и на тоа што неговата изјава доаѓа во време кога се водат интензивни разговори меѓу Грција и Македонија за решавање на деценискиот спор.

Бутарис подоцна се обиде да ги појасни околностоте во кои ја дал изјавата.

„Не реков дека треба да ги промениме имињата, само го поставив прашањето“, изјави Бутарис подоцна за Скај ТВ, дополнувајќи дека името Македонија само ги дели луѓето.

Најжестоките критики на предлогот на Бутарис, кој даде идеја аеродромот да го носи името на поранешната кошаркарска ѕвезда Никос Галис, дојдоа од „Нова демократија“ и други опозициски партии. Вчера дури и се одржа протест во Солун против изјавата на градоначалникот Бутарис, но со мал одѕив.

 

Треба да знаете
Последни објави