Search

20-годишник од Скопје нападнат пред зграда

20-годишник од Скопје нападнат пред зграда

Дваесетгодишниот скопјанец Д.Г. по полноќ пријавил во Полициската станица Бит Пазар дека синоќа околу 22 часот му се јавило непознато лице кое се претставило како познаник на неговиот другар Б.Н. од с.Арнакија и му рекло да излезе пред зградата во која живее, за да му ги даде парите кои Б.Н. му ги должел.

МВР информира дека пријавителот излегол, но во еден момент, Б.Н. од зад грб го удрил со рачка од нож во пределот на главата и замавнувал со ножот со намера да го повреди и притоа му ја расекол јакната.

После тоа, Б.Н. и непознатото лице побегнале, а Д.Г. го земал ножот и го однел во Полициската станица Бит Пазар. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави